Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Како изработија најголемите македонски банки? - Вардар го донесе пехарот дома

УТРИНСКИ ФОКУС: Како изработија најголемите македонски банки? - Вардар го донесе пехарот дома

*Кои се главни фаци на македонскиот банкарски пазар?

Македонскиот банкарски сектор лани забележал солиден раст во трите најважни категории: вкупни средства, вкупни депозити и вкупни кредити, покажуваат официјалните податоци за минатата година. Најголеми играчи на банкарската лига и понатаму се „Комерцијална банка“, „Стопанска банка Скопје“ и НЛБ Банка, а во големата петорка се уште „Охридска банка“ (која наскоро ќе стане дел од Шпаркасе банка“ н.з.) и најбрзорастечката во големата петорка „Халк банка“ која лани и го зеде четвртото место на „Охридска банка“.

* Заев во посета на Брисел

Премиерот Зоран Заев денеска попладне пристигнува во дводневна посета на Брисел каде ќе се сретне со претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, комесарот Јоханес Хан и со потпретседателката на ЕК, Федерика Могерини, јави дописничката на МИА од Брисел.

* Од ноќеска на полноќ возачите точат нафтени деривати по цени поевтини за 1, односно за 1,5 денар.


*А каква беше глетката на плоштад за дочекот на европскиот првак Вардар, погледнете во галеријата на  Фактор овде.


*Кој осигура  животи за 12,5 милиони евра?

„Кроација осигурување – живот“ лани остварила нето приход од премија што е за 24 отсто повисок од приходот што го оствари претходната година, покажуваат официјалните податоци од извештајот на независната ревизија. 


Слично

Поврзани вести