Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Јавноста ја чека Јанева на распит кај Русковска

УТРИНСКИ ФОКУС: Јавноста ја чека Јанева на распит кај Русковска

Вести во фокусот на Фактор ова утро ...

*Јанева на распит откако заврши истрагата

Катица Јанева e повикана денеска во Скопското обвинителство, откако вчера Бојан Јовановски наместо исказ молчеше со барање дека прво сака увид во доказите.

*

ДА УЧАТ ЗАНАЕТ ИЛИ ДА СЕДАТ ДОМА: Што со над 50.000 невработени кои се со основно или без образование?

Повеќе од 50.000 од невработените луѓе во Македонија имаат завршено само основно, или пак немаат ниту основно образование, покажуваат статистиките на Агенцијата за вработување.

*

Марин му позајмил „по пола“ градежен инспектор на Богоев

Во недостиг на овластен градежен инспектор, локалната самоуправа на Карпош била принудена да „позајмува“ ваков стручен профил од Аеродром во рамките на договорот за соработка помеѓу едни од најурбанизираните општини во Македонија.

Договорот помеѓу општините предводени од Стефан Богоев, односно Златко Марин одобрен е летоска од Советот на Карпош за вршење работи од областа на градежната инспекција од страна на лицето Олга Влинтоска вработена во управата на Аеродром на работно место советник овластен градежен инспектор. 

*

Сведочењето на Верушевски контра Лазаревски и Костовски: Еве што тврдеа „свиркачите“

Која била улогата на Зоран Верушевски во вадењето на прислушкуваните разговори. Дали завршувале кај него или, како што самиот тврди популарните „бомби“ биле носени во СДСМ. Исказот на поранешниот разузнавач кој вчера сведочеше за случајот на СЈО Таргет- Тврдина во некои делови не коинцидира со сведочењата на свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски. 

Слично

Поврзани вести