Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Грипот „коси“, луксузното БМВ на Спасовски, претседателски избори

УТРИНСКИ ФОКУС: Грипот „коси“, луксузното БМВ на Спасовски, претседателски избори

Собранието денеска најверојатно ќе ги распише изборите за претседател на државата.

Според најавите Џафери би требало да ги распише изборите доцна попладне а потоа почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија, за што ДИК треба да донесе роковник.

*

Што им е заедничко на Хари Костов, Алек Теранова и министерот Спасовски-Најверојатно тоа е луксузното БМВ 7 во кое неодамна е виден министерот како со својот нов службен автомобил пристигнува на познатата Боемска улица во Скопје.

Станува збор за бело БМВ 7 кое важи за луксузно возило и на пазарот, ново, чини и до 150.000 евра а сите детали на темата може да ги најдете тука ... Што им е заедничко на Хари Костов, Алек Теранова и министерот Спасовски.

*

Грипот во регионот коси, но и Македонија.

Официјалните податоци од ИЗЈ покажуваат дека во државата има 1252 лица заболени од грип а тој однесе две жртви за само три дена.

 Статистиката покажува дека овој број е речиси двојно зголемен споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 643 заболени од грип. 

Како што информираат од Институтот за јавно здравје, неделава во вирусолошката лабараторија се стигнати 50 материјали за тестирање на грип а од нив 28 (56 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – 24 Influenza A(H1N1)pdm09, два – Influenza A(H3) и два Influenza А несуптипизиран.

Од 15 до 64 години е возрасната група во која се регистрирани најголем број на заболени (826) додека пак највисоката инциденца од 91,6 на 100.000 жители е регистрирана кај децата од возрасната група од пет до 14 години.

*

Познати прворангираните кандидати за антикорупционери. 

Бодовната листа е објавена, а веќе денес треба да се најде пред комисијата за избори и именувања на која.

Според рангирањето треба да се изберат претседател и шест членови а токму на оваа тема коментар дава професорката Мирјана Најчевска која е очигледно дека не се согласува со имињата на прворангираните а ЗОШТО? Читајте тука.

Слично

Поврзани вести