УТРИНСКИ ФОКУС: Грција гори и решава дали ќе не прекрсти-СДСМ се мисли за предвремени избори
Грција врие. Нашиот јужен сосед денеска ќе одлучи дали Македонија ќе го смени името во Северна Македонија.
Наместо синоќа, пратениците денеска ќе треба да се изјаснат за ратификација на договорот од Преспа.
Токму тој договор ги извади повторно на улица Грците кои се против Ципрас а тензиите ескалираа и дури беше запалено македонското знаме. Медиумите денес објавија дека и училиштата протестираат односно ја блокираат наставата.
СДСМ пак денеска ќе носи одлука дали ќе оди на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Денес СДСМ на Централниот одбор ќе треба да пресече, дали ќе ја прифати фрлената ракавица од Мицкоски за предвремени избори, или Заев ќе остане на ветеното дека ќе го истурка целиот четиригодишен мандат.
Од друга страна пак се најавува нола цела на роамингот од 201 година.
Со новиот регионален договор за роаминг од јули 2021 година нема да има дополнителни роаминг трошоци за сите крајни корисници во економиите на Западен Балкан, а граѓаните ќе плаќаат редовната цена како овие услуги да се користат кај нив дома.
FOTO: ORESTIS PANAGIOTOU / EPA;
