УТРИНСКИ ФОКУС: Глигорие Гоговски држи лекција, Заев и Зорица со Курц на Виенски бал, Ден „Д“ за СДСМ И ДУИ
Глигорие Гоговски покажува на дело како се гради корисна корпоративна практика и однос кон малите акционери како најголем поединечен акционер во Тетекс и повторно држи лекции.
*„Тетекс“ станува „фикс“ акција од аспект на дивиденда
*Владините коалициони партнери СДСМ и ДУИ денеска ќе го обелоденат името на заедничкиот кандидат за претседател на Македонија на изборите што следуваат-Детали за темата тука.
*Камчев: Генерали носи нови квалитети во КД Фондови
Тешко исплатливо е вложувањето во акции на странски пазари ако сумат која се инвестира е под десетици илјади евра, вели Лазе Камчев, извршен директор на КД Фондови. Македонија влезе во втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација со што сега е дозволено граѓаните да купуваат имот и акции во странство. Сепак Камчев вели дека на странските пазари и трошоците се многу повисоки од овде, додека инвестирањето во акции надвор преку инвестициски фондови е со помали износи и поевтино. Според него, во следниот период секако најголем раст на глобално ниво ќе има ИТ секторот.
*(ФОТО) Заеви почесни гости во Виена: На балот се дружеа со Курц и неговата сопруга
Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица ја имаа честа годинава на Виенскиот бал да седат токму до канцеларот и првата дама на Австрија Себастијан Курц и неговата сопруга.
