Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Фросина не го заслужи ова!

УТРИНСКИ ФОКУС: Фросина не го заслужи ова!

Веста за намалената затворска казна на возачот кој ја прегази младата Фросина Цековска од Крива Паланка е во фокусот на ова утро.

Бројни коментари и реакции на социјалните мрежи и во јавноста поттикна токму оваа одлука на Апелација со која наместо шест и пол години, возачот Љубиша Бидојковиќ ќе лежи затвор само 3 ипол години.

„За каква правда зборувате?

Фросина не го заслужи ова“ - се само мал дел од коментарите на социјалните мрежи.

*За првите девет месеци годинава ЈПДП од патарини инкасирало 30,77 милиони евра и тоа е 815.000 евра повеќе од истиот период лани кога од патарини биле наплатени 29,957 милиони евра.-повеќе за темава читајте тука.

*Албанската опозиција полага големи надежи во кандидатурата на професорот Блерим Река кој е единствен кандидат од албанско етничко потекло, но уште на самиот старт на кампањата покажа дека се залага за сосема нов концепт на Република за сите, за еднаквост без оглед на партиската, етничка или верска определба-Целото интервју со кандидатот за претседател на државата Блерим Река читајте го овде.

*Во Кисела Вода се одржува комеморација за актерката Билјана Беличанец која си го одземала животот во саботата кон неделата.

Еден статус на социјалните мрежи за неа е напишан вака:

„Тажна е вистината дека човечкиот живот се состои од збир на непомирливи спротивности, а која од нив ќе надвладее зависи од многу фактори. Жал ми е за тагата на семејството и за децата без мајка, но, најмногу ми е жал за Билјана која веројатно се измори да се бори и да биде силна, а никој не и пружи рака на поддршка. Почивај во мир генерацијо“ - пишува на социјалните мрежи Анита Ангеловска.

Слично

Поврзани вести