УТРИНСКИ ФОКУС: ДУИ „крчка“ измени за обложувалниците, Пензиски скандал, Скопје дише отровен воздух
Пензиски скандал ја тресе Македонија. Надлежните обелоденија дека десет години државниот ПИОМ ги добивал за нив уплатените придонеси, но не ги префрлал во приватните фондови.
Сега на потег е ОЈО кое ја чека документацијата од Мила Царовска а дали и кој ќе одговара за оваа информација која е директен удар за граѓаните ќе се дознае наскоро.
Скопјани пак и ова утро се гушат во отровен воздух.Мерењата на специјализираните мерни станици покажаа дека Скопје утрово е прв на врвот по загаденост а концентрации на ПМ10 честички во текот на ноќта достигнале и над 300 микрограми на метар кубен.
Дали на македонските приредувачи на игри на среќа им се подготвува албанско сценарио?
Ова прашање се поставува откако стана јасно дека ДУИ крчка измени на законот за игри на среќа.
Според она што го дознава Фактор е дека ДУИ предлага измени какви што Албанија воведе пред еден месец а според кој целосно се забрани постоењето на автомат клубови, обложувалници и казина со што беше ставен клуч на врата на над 4.300 објекти.
