Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Дојде ред за Ременски - Владата даде понуда за акциите на „Макпетрол“ во ГА-МА

УТРИНСКИ ФОКУС: Дојде ред за Ременски - Владата даде понуда за акциите на „Макпетрол“ во ГА-МА

Вести во фокусот на Фактор оваа среда ...

*

Крај на деценискиот спор: Колку ќе плати државата на „Макпетрол“ за акциите во ГА-МА

Владата објави дека резервирала пари за да ги купи акциите на „Макпетрол“ во ГА-МА, акционерско друштво, кое е сопственик на инфраструктурата за пренос на природен гас во земјава. Дознаваме дека „Макпетрол“ ќе ја прифати понудата на Владата доколку понудената цена е фер и согласно со пазарната вредност на преносниот гасоводен систем со Македонија и е поврзана со Бугарија од каде добива руски природен гас. 3

*

„Гранит“ направи чудо

„Гранит“  го регистрираше нај успешното полугодие во последните  неколку години. Остварените финансисики резултати  покажуваат дека се работи за резултат на деценијата за најголемата градежна компанија. 

*

Понудата на Владата ја лансираше акцијата на „Макпетрол“

По најавата на Владата дека ќе ги откупи акциите на „Макпетрол“ инвеститорите чистат се што е на продажна страна. По неполн час тргување акцијата на „Макпетрол“ се бара на цена од 70.000 денари


*

Ќе го вратат ли новите газди дијамантскиот сјај на „Скопски пазар“

„Современ дом“ испиша нова страница во корпоративната историја. На дело бизнисмени од македонска и албанска етничка припадност покажаа дека може да соработува без притисоци ако ги обедини работата. 

Владата нуди 9 милиони евра за спасувања со хеликоптер за медицинска помош

Владата го објави јавниот повик со кој бара ортак кој со хеликоптер за медицинска помош ќе им се наоѓа на граѓаните на Македонија во итни ситуации, а за договорот нуди девет милиони евра.

За зголемување на платата за 6.000 денари, државата ќе потроши 2.529 денари

Државата наместо работодавачот ќе плати 2.529 денари за социјални придонеси ако на работникот му ја зголеми платата за 6.000 денари. Тоа зголемување работодавачот ќе го чини вкупно 6.667 денари затоа што треба да плати и данок на парите, но ќе биде осолободен од обврските за придонесите. 

*

Ременски пристигна во Обвинителството: Ќе давам исказ како сведок

Фросина Ременски, екс-функционерката на СДСМ, пристигна во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, како што беше најавено.


Слично

Поврзани вести