УТРИНСКИ ФОКУС: „Чудната“ добивка на „Гранит“, споменик во Атина, преговори за СЈО, инвеститорите и Богдановиќ се надмудруваат
* Во утринскиот фокус за овој четврток е исплатата добивката на градежниот гигант „Гранит“ која повеќе се должи на капиталната добивка направена како разлика од куповната и пазарната цена на акциите на „Комерцијална банка“ отколку на дејноста на компанијата.
Најголемата градежна компанија нема година за паметење, а единствена светла точка се акциите што „Гранит“ ги купи пролетта лани во „Комерцијална банка“, за што можете повеќе да прочитате овде.
* И Атина ќе гради споменик на Александар Велики
Во центарот на грчката престолнина Атина, ќе се подигне споменик на Александар Велики, пишува „Катимерини“. Во ек се подготовките за подигнување на споменикот, кој ќе биде висок 3.5 метри.
* Инвеститорите се упорни во нивната намера да ги извадат градежните дозволи.
По одлуката на Уставен суд привремено да го прогласи мораториумот за неважечки, градоначалникот Саша Богдановиќ вчера објави дека е донесен повторно ист таков и на тој начин нема да им се даде време на инвеститорите да ги извадат дозволите. Со оваа одлука претркан е Уставен суд пред да се донесе конечното решение.
* Продолжуваат преговорите за судбината на СЈО
Премиерот Зоран Заев денес во Собранието ќе се сретне со лидерите на албанските опозициски партии со цел обезбедување поддршка за новиот Закон за јавно обвинителство и решавањето на статусот на СЈО преку истиот.
