Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Чистка во СДСМ-РКЕ ќе ја каже новата цена на нафтени деривати

УТРИНСКИ ФОКУС: Чистка во СДСМ-РКЕ ќе ја каже новата цена на нафтени деривати

Владеачката партија се соочи со внатрепартиска чистка. Разрешено целото раководство на СДСМ а дел од аналитичарите велат дека во СДСМ се случил „политички ураган“.

Заев повторно се издвојува како политички актер во главна улога префрлајќи го притисокот за промени врз опозициската ВМРО-ДПМНЕ која засега нема јасна насока како да се наметне сопствен свеж наратив, смета аналитичарот Благојче Атанасоски.

*Анализата со Атанасоски читајте ја овде.

Двете најсилни и наголеми домашни кондиторски компании лани имаат приходи од речиси 70 милиони евра. И двете ги краси епитетот создавачи на брендови, големи извозници и семејно контролирани или целосно поседувани фирми. Заедничко им е тоа што докажаа дека во Македонија не мора да си од Скопје за да правиш голем бизнис зашто „Витаминка“ е од Прилеп, а „Макпрогрес“ од Виница, на македонскиот исток.

*Цената на бензините кај Регулаторна, како ќе не удри денеска


Регулаторната комисијта по новата методолгија ќе ја формира денеска цената на нафтени деривати.

Во таа цена треба да се вкалкулирани и трошоците на компаниите за транспорт на дериватите. Таа цена ќе биде максимална, а дистрибутерите може да одат и со помала маржа. Сепак, Регулаторна не им ги призна на дистрибутерите трошоците во висина во која тие бараа. 

Заев го измете својот двор - Ќе го среди ли и владиниот со целосен реизбор?

Заев со овие промени успеа да направи голема чистка во сопствениот двор, да покаже дека никој не е безбеден со функциите кои ги добил и дека откако ќе биде направен избор на новите партиски кадри очекува поодговорно водење на политиките.


Слично

Поврзани вести