Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРИНСКИ ФОКУС: Борба против фалсификување евра, Џафери топ тема, Шилегов „ЗА“ зеленилото

УТРИНСКИ ФОКУС: Борба против фалсификување евра, Џафери топ тема, Шилегов „ЗА“ зеленилото

Како МВР, и НБРМ ќе се борат против фалсификувањата на еврата ќе дознаеме во следниот период.

„Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“ е проект чиј старт ќе биде означен денес а ќе се спроведува од МВР, НБРМ и Дојче Бундесбанк, со поддршка од експерти од хрватската, австриската и од Европската централна банка.

Според најавите буџетот за проектот кој е финансиран од Европската унија, е 250 000 евра а истиот ќе трае осум месеци.

Скопскиот градоначалник денеска ќе каже како ќе помогне да се зачува јавното зеленило. Шилегов ќе го презентира зелениот катастар на град Скопје на денешната седица.

Собранискиот спикер денеска е топ тема во медиумите. Доцна синоќа на социјалните мрежи Талат Џафери кажа дека ставил потпис на законот за јазици и дека го испратил во Службен весник. За таа тема повеќе детали има овде.

Читајте и кој е директорот што се почести со нова службена лимузина од 50 000 евра тука.

Слично

Поврзани вести