УТРИНСКИ ФОКУС: Антикорупциска расправа, бизнис форум, преживеаниот Ципрас
Пратениците денеска ќе водат расправа за Законот за Антикорупциска откако вчера успеаја да најдат заеднички јазик по законот за кој претходно никако не можеа да се разберат . Како што соопштивме Владата прифатила дури 20 амандмани од ВМРО ДПМНЕ а деталите читајте ги овде.
Имено, денес седницата ќе продолжи во 16 часот.
Македонско - бугарски бизнис форум ќе се одржува во главниот град. Иницијатори на овој настан е вицепремиерот Кочо Анѓушев и бугарскиот потпретседател на Советот на министри на Република Бугарија, Томислав Дончев.
Местото на настанот е хотелот Александар Палас.
Откако грчкиот премиер го преживеа гласањето на доверба на неговата Влада, сега му останува да се сконцентрира на Договорот од Преспа.
Ратификацијата која успешно помина во Македонскиот парламент, претстои да се гласа во Грчкиот парламент.
