Утринава претреси кај Кирил Божиновски и Канческа-Милевска
Според извори на Фактор, утринава во 5 часот во акција на специјална единица на МВР се извршени претреси во домовите на Кирил Божиновски поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија и екс министерката за култура Канческа Милевска.
Кирил Божиновски служеше како ген-сек во Владата на премиерот Никола Груевски и беше дел од повеќе прислушкувани разговори кои ги објавуваше СДСМ. Тој од Специјалното јавно обвинителство е обвинет во случајот „Титаник“.
Против Канческа Милеска се водат исто така повеќе предмети од страна на СЈО.
Наскоро очекуваме повеќе информации која е причината за претресите кај Божиновски и Канческа Милевска и дали е поведена можеби нова постапка пред истражните правосудни органи.
Слично
