Утрово тешка сообраќајна несреќа на патот Градско-Велес
Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава на автопатот Градско - Велес, кога патничко возило „БМВ“ се превртело на коловозот.
Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила во 4 часот на околу 500 метри после наплатната станица Градско, во која „БМВ“-то со скопски регистарски ознаки управувано од Л.И.(26), изгубило контрола на движење, преминало на левата страна на коловозот и се превртело.
„Во возилото како сопатници биле лицата Е.Е.(24) од Гостивар, кој починал на место на настанот, додека А.О.(20) од Гостивар и едно непознато женско лице, се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Велес, наведуваат од МВР.
Слично
