Утре Заев мора да даде одговор на Грција за Северна Македонија?
Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас најверојатно утре ќе го остварат телефонскиот разговор, пишува „Хелас Џурнал“ повикувајќи се на извори од Њујорк.
Порталот наведува и дека утре е најкритичниот ден во процесот во преговорите за изнаоѓање решение за името, со оглед дека Владата и премиерот Зоран Заев се обврзале да одговорат дали се прифаќа финалниот компромис кој што се наоѓа на маса. Односно дека тоа е предлогот Република Северна Македонија.
Изворот кој се цитира во текстот е директно вклучен во преговорите, пишува порталот, и укажува на тоа дека во разговорот премиерите ќе мора да ги допрецизираат и празните места од пакетот односно да се пополнат графите кои се однесуваат на јазикот и националноста. Односно дали ќе има ѕвездичка на јазикот која треба да појасни дека е словенски. Доколку Македонија утре не одговори, преговарачкиот круг се затвора и земјава може да го пропушти возот за НАТО И ЕУ.
