Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре во Собранието ќе се разгледува францускиот предлог, Спасовски презема мерки за безбедност

Утре во Собранието ќе се разгледува францускиот предлог, Спасовски презема мерки за безбедност

Полицијата ќе ги преземе сите мерки за безбедност на пратениците и Собранието. Ова го најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

Министерот апелираше до учесниците, а пред сè до организаторите на протестите да направат сè овие собири да минат на мирен и достоинствен начин.

„МВР прави анализи и собира податоци и информации за можните случувања во текот на утрешната седница во Собранието на која треба да се разгледува францускиот предлог“, изјави Спасовски.

Левица соопшти дека нивните активисти кои досега кампуваа пред Влада, утре се селат пред Собранието. Од Левица ги повикаа граѓаните утре напладне да дојдат пред Собранието.

Во македонскиот парламент утре во 13 часот свое обраќање ќе има една од најмоќните политички фигури во Германија и во Европа, Урсула фон дер Лајен. 

Утре во 11 часот македонскиот претседател Стево Пендаровски ќе има средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лaјен.

Слично

Поврзани вести