Утре во Собрание ќе се расправа за инцидентите во железничкиот, воздушниот и патниот сообраќај
По изминатите инциденти и комуникациски проблеми во воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај, за утре во Собранието закажана е седница на Комисијата за транспорт и врски за безбедноста во овој тип на инфраструктура..
Отчет ќе треба да даде министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, а повикани ќе бидат и директорите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, М НАВ (македонска навигација) и претпријатијата на македонски железници.
Ваквата реакција од страна на власта и опозицијата следува по загриженоста за работењето на радарскиот систем на Контрола на летање во Македонска навигација, превртениот воз со челик кај Черкези и неколкуте несреќи со автобусите кои се случија изминатиот период.
Пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ првично до крајот на денот да изготват заедника информација како заклучок за последните случувања.
