Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре внимавајте кога возите околу стадион, ќе има блокади за мечот со Шпанија

Утре внимавајте кога возите околу стадион, ќе има блокади за мечот со Шпанија

СВР Скопје утре од 15 часот ќе воведе посебен режим на сообраќај на возила и движење на пешаците во деловите од градот кои се во непосредна близина на Градскиот парк поради фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Шпанија од 20.45 часот.

– Ќе биде ограничено движењето на возилата по следните улици кои водат кон фудбалскиот стадион: бул. „Илинден“, ул. „Ристо Шишков“, ул. „Аминта Трети“, ул. „Наум Наумовски-Борче“, како и по сервисните улици во Градски парк околу фудбалскиот стадион, соопшти МВР.

Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по наведените сообраќајници за влез кон фудбалскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат влезници за натпреварот.

Слично

Поврзани вести