Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре тим специјалисти ќе оди во Гевгелија, 50 деца и бебиња се пожалиле на респираторни инфекции

Утре тим специјалисти ќе оди во Гевгелија,  50 деца и бебиња се пожалиле на респираторни инфекции

Зачестиле респираторните инфекции кај деца во Гевгелија. 

Kaко што соопшти Министерството за здравство, тим специјалисти ќе бидат испратени во болницата во Гевгелија, каде лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со респираторни инфекции. Утре тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во ОБ Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика.

Во болницата во Гевгелија сега хоспитализирани само само две бебиња, поради возраста, а 20-тина деца се на терапија, но тие не се задржани во болница. Ќе бидат направени дополнителни анализи за случајот. 

Слично

Поврзани вести