Утре состанок на Комисијата за заразни болести: Ќе се бара карантин или ПЦР и сертификат на граница?
Комисијата за заразни болести утре на состанок ќе разговара дали поради ширењето на делта-видот на коронавирусот ќе се воведат некакви рестрикции, а неофицијално во опција е одлука за карантин, негативен ПЦР или да се покаже сертификат за вакцинација кај патниците кои се враќаат од ризичните земји.
Засега Македонија само за патниците од Индија има условен влез од 14 дневен карантин, но утре се очекува да се прошири листата со други високоризични земји.
Новиот сој се уште не е увезен во Макеоднија, а во однос на овој проблем за построги рестрикции размислуваат и во Србија и Албанија
Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека иако дел од челновите биле на одмор, веќе се анализира и се истражува за овој вид и мислењата на челновите на Комисијата ќе бидат слушнати в понеделник.
