УТРЕ СЕ ОЧЕКУВААТ ДЕТАЛИ ЗА СРЕДБАТА МЕЃУ ЗАЕВ И ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Премиерот в понеделник патува во Брисел, ќе се бара објаснување за изјавата на Верхеји
Премиерот Зоран
Заев в понеделник ќе отпатува во Брисел каде ќе оствари средба со претседателката
на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Деталите за најавениот состанок
ќе бидат соопштени утре, но со се очекува да премиерот Заев и Фон Дер Лајен да
разговараат за пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија, објави утринава
„360 степени“ повикувајќи се на информации од Владата.
Работниот состано се случува по минатонеделната изјава на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој за „Еуроњуз“ потенцираше дека е можно раздвојување на Македонија и Албанија во пристапниот процес кон Европската Унија.
Конкретно, тој рече дека Брисел би можел да ги продолжи разговорите со Албанија за членство во ЕУ дури и во време кога преговорите со Северна Македонија се во застој поради бугарското вето.
-Ако повторно наидеме на тешкотии со Северна Македонија, што значи дека немаме успех во убедувањето на Бугарија и Северна Македонија за зедничко решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање“, рече Вархеји во неговата изјава за „Еуроњуз“.
