Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре се очекува снег да провејува на планините

Утре се очекува снег да провејува на планините

Времето утре ќе биде студено и ветровито, а на планините ќе провејува слаб снег. 

Преку ден ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. 

Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе се движи од 4 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер. Во повисоките делови од регионот ќе има провејување на слаб снег. 

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

Од ноќеска на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег, а понекаде во котлините за појава на краткотарен дожд.

Слично

Поврзани вести