УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА НЕВРЕМЕ, ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И СИЛНИ ГРМЕЖИ: „Да не се престојува на отворено“
Во текот на
утрешниот ден, како што најавува Славчо Попоски, во поголемиот дел на Западна
Македонија, но и во источните предели се очекува појава на невреме.
-Утре (среда), особено во западната поливина од државата, како и во источните делови, на повеќе места, ќе има појава на невреме, проследено со пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и појава на град. Апелираме, во случај на појава на невеме и на силни електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, пишува метеопрогнозерот Попоски во објавата.
Фото: Unsplash
Слично
