Утре само условни казни за Кочан и Авировиќ?
За утре е закажано објавувањето на одлуката на Апелација за првостепените затворски казни на управителите на „Трансмет“ и „Силекс Неметали“ - Сеад Кочан и Василије Авировиќ. Во меѓувреме дојде до измени на Кривичниот законик околу Нова Година во Собранието веднаш по изгласаниот Закон за амнестија. Со неговите измени, минималната казна за ова дело се намалу од четири на три години, а со тоа се отвора и можноста за условна казна.
Кочан беше осуден на шест години затвор, а Авировиќ на три изминатиот јули за случајот на „СЈО“ под името „Труст“ за незаконски прибавен тендер за потребите на АД ЕЛЕМ.
Кочан доби и забрана за вршње дејнст во траење од три години бидејќи со лажни документи добивал тендери за ископ на јаглен, а иста суспензија му беше пресудена и на Авировиќ.
Околу 17 милиони евра за кои се смета дека биле противправно стекнати треба да бидат вратени во буџетот.
