Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРЕ ПРВАТНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗАТ САМО ДО 10 ЧАСОТ: повторно проблеми со јавниот превоз во главниот град

УТРЕ ПРВАТНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗАТ САМО ДО 10 ЧАСОТ: повторно проблеми со јавниот превоз во главниот град

Приватните превозници во главниот град повторно запираат со работа поради доцнење на исплатите на парите од град Скопје. 

Како што споделија дел од нив, од утре - понеделник 24.06 приватните превозници ќе сообраќаат низ Скопје само во краток временски интервал и тоа во период од 5 часот наутро, па се до 10 часот наутро, по што ќе се исклучат од сообраќај. 

Посочуваат дека во овој период ќе работат, за да им излезат во пресрет на граѓаните кои патуваат на работа, ќе ги превезуваат патниците низ градот, за да не се чека предолго по автобуските станици, но по 10 часот ќе се вратат во гаражите. 

Според најавите, превозниците не планираат да протестираат.

Според нив не станува збор само за платите, туку и за останатите трошоци кои ги имаат за возење на градските линии во Скопје. Затоа од понеделник наутро повторно ќе се исклучат и градот ќе остане без приватни превозници.

Приватните превозници на ваков чекор се одлучија и пред повеќе од една година кога главниот град го оставија без јавен не возејќи неколку месеци а автобусите во знак на револт им беа паркирани по булеварите. Поради доцнење на плата пред 4 месеци и вработените во ЈСП Скопје два часа ја запреа работата.

Слично

Поврзани вести