Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре првата пресуда за Мијалков

Утре првата пресуда за Мијалков

Сашо Мијалков, поранешниот директор на Управата за безбедност за контраразузнавање кој е во куќен притвор и е обвинет во неколку постапки на СЈО, утре ќе ја слушне првата пресуда. За утре на рочиштето за „Титаник“ каде им се суди на Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи, ќе се слушне првата пресуда.

Адвокатите во оваа постапка ја оспоруваа автентичноста на „бомбите” и според нив тие немаат доказна вредност и бидејќи биле незаконски прибавени. Адвокатот Миле Петровски, бранител на Мијалков, во завршен збор на судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2″, побара ослободителна пресуда за неговиот клиент.


Слично

Поврзани вести