Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре прва средба на владини делегации во Софија

Утре прва средба на владини делегации во Софија

Шефовите на македонската и бугарската дипломатија - Никола Димитров и Екатерина Захариева утре ќе бидат претседавачи на комисијата составена од двете владини делегации на двете земји во Софија на која ќе се валоризира се што досега е направено од договорот за добрососедство потпишан во 2017.

Станува збор за прв ваков состанок на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Македонија и Бугарија. Формирањето на ваква комисија е обврска согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Покрај  билатерални средби на министрите Димитров и Захариева, предвидени се и средби на претставниците на министерствата за економија, одбрана, локална самоуправа, образование и наука, транспорт и врски; на кои ќе се зборува за постигнатиот напредок во соработката во овие области.

Покрај тоа, меѓу двете делегации ќе се разговара и за идните активности и проекти, се наведува во соопштението на МНР.


Слично

Поврзани вести