Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРЕ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ: Независниот синдикат на образование со свои барања

УТРЕ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ: Независниот синдикат на образование со свои барања

Утре, Независниот синдикат за образование и НСОН ќе одржат протест. Протестот ќе започне во 12.00 часот од Жена парк (спроти Собрание на Р.М.) Учесниците во протестот ќе се движат кон зградата на Министерството за образование и наука.

„Барањата на протестот се:

НЕ за спојување на наставните предмети. ДА за почитување на колективните договори.

Како резултат на недостаток на социјален дијалог, погазување на работничките права, погазување на достоинството на просветните работници, непочитување на законите и колективните договори, членовите на НСОН ќе го искажат своето незадоволство преку јавен протест.

Незадоволни сме од најавите за спојување на повеќе наставни предмети (Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанскообразование, Етика, Информатика, Техничкообразование). Ваква појава може да предизвика губење на дел од работните места, а истовремено го погазува професионалниот интегритет на работниците.

Незадоволни сме и од непочитувањето на колективните договори во секторот образование. Во моментов најниската плата за најнизок степен на сложеност изнесува 12.000 денари (НЕТО), а сведоци сме дека минималната плата во државата изнесува 20.175 денари (НЕТО). Министерството за образование и наука нема слух ниту волја да ги почитува законите, а паралелно на сето тоа, сведоци сме како јавните функционери ЕКСПРЕСНО ја спроведоа одлуката на уставниот суд и добија покачување за 78%.

За јавните функционери законот е закон и тој мора да се почитува, а за просветните работници не важат истите правила„, вели Претседател на НСОН, Томислав Гиевски

Слично

Поврзани вести