Утре протест на родителите во Кочани за неселективна правда, мајката Верица повика на масовност
Верица Трифунова, мајка на починатата ќерка Моника Спасова по пожарот во дискотеката „Пулс“, ги повика сограѓаните на масовна излезност на утрешниот протест во Кочани на кој меѓудругото ќе се бара и неселективна правда.
„Кој има човечка душа, со разум и развиени мозочни келии, и застене рамо до рамо, со нас родителите, и ќе се бори за правда на убиените ангели, со тоа ке покаже дека е совесен родител и размислува за иднината на сопствените деца ‼‼Да застанеме и да кажеме " стоп " на криминалот, корупцијата, насилството, дилерите кои ни ја уништуваат иднината на нашите деца, барем тие што ни останаа, половина ни се иселија, од половина што ни останаа, ни ги убија ‼ тие што преживеаја трајно ни ги оштетија ‼ Затоа ако имате грам совест и човечност барем за детските животи, придружете ни се на нас родителите на убиените ангели, да почнат да рзмислуваат што се вистински вредности во животот кои со пари не можат да се купат“, објави Трифунова.
