Утре променливо облачно, сонце и топло
Според управата за хидрометеоролошки работи новата работна седмица ја започнуваме со променливо облачно време, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне претежно во северните делови со локален пороен дожд и грмежи.
УВ индексот ќе биде 7.
Дневните температури на воздухот утре се очекува да го достигнат 39 степен.
Вакво променливо време со високи температури се очекува да се задржи до вторник. Претежно во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.
Од средината на новата работна седмица следи период на стабилно и суво време.
Слично
