УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НИЗ СКОПЈЕ - во официјална посета доаѓа претседателот на Владата на Србија
Низ Скопје утре може повторно да се очекуваат гужви низ градските улици, бидејќи е најавен посебен сообраќаен режим низ главниот град.
- Од утре петок (03.10.2025) до (04.10.2025) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, г. Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници - се посочува во соопштението на МВР.
Слично
