Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРЕ ПОЧНУВА УВИДОТ ВО ТРУБАРЕВО: Се бара продолжување на притворот за четворицата опфатени во постапката

УТРЕ ПОЧНУВА УВИДОТ ВО ТРУБАРЕВО: Се бара продолжување на притворот за четворицата опфатени во постапката

Основното јавно обвинителство утре ќе го почне увидот во Трубарево за причините на пожарот.

„Увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. По наредба на јавниот обвинител екипи на СВР Скопје и денеска излегоа на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад“, соопштија од обвинителството.

Од таму велат дека во континуитет се преземаат повеќе дејствија на обезбедување и анализа на документација.

„До Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка до овој момент“, велат од Обвинителството.

Слично

Поврзани вести