УTРЕ ПОЧНУВА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА: Колку првачиња ќе седнат во училишните клупи?
Завршува летниот распуст за учениците и од утре почнува новата учебна година.
Утре во училишните клупи ќе седнат над 20.437 првачиња.
Средното образование ќе го почнат 17.131 ученик. Секоја година се намалува бројот на учениците во основните училишта, а тоа го покажуваат и статистиките. Државниот завод за статистика излезе со податок дека на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185.119 што претставува намалување за 1,7% во однос на претходната учебна година.
Слично
