Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРЕ ОДЛУКА ЗА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА: Ова ќе даде појасна слика за датумот за избори

УТРЕ ОДЛУКА ЗА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА: Ова ќе даде појасна слика за датумот за избори

Претседателот на државата, Стево Пендаровски утре ќе информира дали ќе има ново продолжување на вонредната состојба. 

Од утрешната одлука зависи и датумот за одржување на престојните предвремени парламентарни избори.

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека не е потребно продолжување на вонредната состојба.

Тој додаде дека не треба да има продолжување на вонредната состојба, и додаде дека поинтензивна контрола на носењето маски и спречување на групирањето, ќе даде резултати. 

Владата го задолжи МВР и ДИК да го ажурирата избирачкиот список, а неизвесно е дали на 5 јули ќе имаме избори. 

Шефот на државата на 18 март поради состојбата со коронавирусот првпат во државава прогласи вонредна состојба.

Во земјава при крајот на мај по четврти пат е продолжена вонредната состојба. 

Првите две одлуки за вонредна состојба беа во времетраење од по 30 дена, а третата  траеше 14 дена.

Слично

Поврзани вести