Утре од 11 до 17 часот без слетувања и полетувања на аеродромите во Скопје и Охрид
Синдикатот на контролори на летање го извести Еуроконтрол дека утре од 11 до 17 часот нема да има слетувања и полетувања од аердромите во Скопје и Охрид.
За одлуката, веќе е известена Унијата на синдикати на контролата на летање на Европа. Во тој период ќе штрајкуваат вработените од контролата на летање поради партиски вработувања и непрофесионализам од страна на раководството.
Претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски ги демантираше изјавите на директорот Фахрудин Хамиди дека се прифатени барањата на Синдикатот на контролорите и оти е постигната спогодба поради која се става најавениот штрајк за 12.10.2023 година во период од 11ч. до 17ч. во мирување.
Вработените во М-НАВ велат дека Хамиди и натаму доставува нови барања за вработување на непотребни лица, во служби во кои веќе има превработеност.
Слично
