Утре очекувајте нови врнежи од дожд
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и со грмежи.
Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Најтопло ќе биде на југот од државата, со максимални 35 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе се искачи до 33 степени.
Од четврток, според прогнозите на метеоролозите, горештините се враќаат, но не со интензитет како во јули.
Крива Паланка е град каде наврна најмногу дожд. Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка, 91 литар на метар квадратен, а најмалку во Претор, два литри.
foto freepik.com
