Утре нова средба меѓу работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО
По лидерската средба на Заев и Мицковски, за законот за новото Јавно обвинителство, која што средба беше без договор, утре работните тимови од двете најголеми партии во земјава повторно ќе седнат на иста маса за Законот на ЈО.
Оваа информација ја потврдиле преговарачките тимови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5 телевизија.
Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски не очекува договор наскоро и тврди дека Заев инсистира на неговиот предлог со кој, како што вели, политички ќе се реваншират кон неистомислениците.
За разлика од него, премиерот Зоран Заев е оптимист и е спремен да седне повторно со Мицкоски на маса, но откако преговарачките тимови ќе направат чекор напред.
Слично
