Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре конститутивна седница, можно ли е да ја води Џафери?

Утре конститутивна седница, можно ли е да ја води Џафери?

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи утре напладне. 

Таа ќе биде под посебни протоколи поради коронавирусот и тоа во салата под Големата купола наместо во салата „Македонија“. 

Седницата ќе се одвива според протоколи и критериуми, што се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, за да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од коронавирусот.

На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. 

На сите влезови ќе има средства за дезинфекција. На крајот на денот ќе се дезинфицираат и сите простории во кои имало активности.

Седницата најверојатно ќе ја води спикерот Талат Џафери. 

Тој заминува од Инфективната клиника. 

Имаше симптоми на коронавирусот, но тестиран е и тие се негативни. 

Рокот за конституирање на парламентот е 20 дена од одржувањето на изборите, а тој истекува утре, на 4-ти август.

Слично

Поврзани вести