Утре ќе се знае дали Србија ќе започне со контрамерки против Македонија
Љајиќ утре доаѓа на средба со Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски за да се најде обострано решение за проблемот со брашното, во спротивно најави контра мерки за увоз на македонското брашно.
Николовски без коментар за најавените контрамерки. Според него разговорите продолжуваат и останува на ставот дека Правилникот мора да се почитува. Информира дека од македонска страна се направени мали отстапки.
Маркици ќе се ставаат само на брашното од 25 и 50 килограми.
Николовски уверува дека спорот нема да предизвика недостиг од брашно како и зголемена цена на лебот .
Македонија од северниот сосед увезува над 40 000 тони брашно. Потребите на домашниот пазар се околу 100 000 тони.
– Настанатата состојба со увозот на брашното нема да предизвика недостиг од брашно на пазарот и покачување на цената на брашното – тврди Николовски, повторувајќи дека целта е да се почитува Правилникот кој претходно постоел и оти со него се намалува цената на контролните маркички и се кратат административните процедури.
