Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре ќе имаме температури над нулата

Утре ќе имаме температури над нулата

Веќе од утре може да се очекуваат температури над нулата. 

Во Македонија денеска ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло со пораст на температурите, како на утринските така и на дневните. Попладне во северозападните и крајните западни предели нестабилно време со услови за слаби врнежи од дожд, а над 600 метри со врнежи од снег. 

Во сабота се очекува умерено облачно време и нестабилно со локални врнежи од дожд, додека пак над 800 метри се очекуваат слаби врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат од 1 до 7 степени. Во недела претпладне ќе имаме претежно сончево време со појава на локална облачност и постудено време, попладне зголемување на облачност. Температурите ќе бидат во опаѓање, минималните од -12 до -4 степени, додека пак максималните дневни од -2 до 5 степени. Во понеделник и вторник ќе има нов бран на врнежи кои ќе бидат со слаб интензитет. Во понеделник времето ќе биде облачно со врнежи од снег, а во јужните и југоисточните предели врнежите ќе бидат од дожд и снег. Максималните температури ќе бидат од -3 до 3 степени. За вторник се најавува благ пораст на температурите, а со тоа и подигање на снежната граница. 

Слично

Поврзани вести