Утре ќе има теренска вакцинација во седумдесетина села, еве го распоредот
Министерството за здравство објави во кои населени места утре ќе има теренска вакцинација. Станува збор за над 70 населени места.
Теренската вакцинација, утре 14 јули, ќе се одвива во овие населени места во секоја од следните општини:
Скопје – Петровец, Ржаничино, Огњанци, Ќојлија, Горно Коњари, Средно Коњари,
Долно Коњари, Чифлик, Сушица, Катланово
Кратово – Туралево, Шлегово
Виница – Пеклани, Трсино, Трстија
Демир Хисар – Стругово, Кутретино, Суводол
Струга – Мислодежда, Богојци, Поум
Крушево – Бучин
Ростуше – Маврови Анови
Струмица – Раборци, Попчево
Неготино – Црвени Брегови, Курија, Војшаници
Пробиштип – Ратавица
Валандово – Дедели и Собри
Берово – Двориште
Кочани – Спанчево
Кичево – Црвивци, Мамудовци
Кавадарци – Сопот, Марена
Битола – Буково, Крстоар, Бистрица, Олевени, Барешани, Канино
Охрид – Горно и Долно Средоречје, Грко Поле, Лешани, Велмеј, Брежани
Македонски Брод – Брест
Велес – Мелница, Лисиче, Г.Врановци
Крива Паланка – Жидилово, Узем
Кумановски и Липковски регион – Мл.Нагоричане, Војник, Стрезовце, Орах, Ругинце, Дренак, Клечовце, Зубовце, Јачинце, Довезенце, Бељаковце, Мургаш, Новосељане и Косматац
Штип – Стар Караорман, Нов Караорман, Таринци
Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници.
Во последните 24 часа се направени 3.227 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19.foto freepik
