Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре ќе има расправа за Законот за јазици

Утре ќе има расправа за Законот за јазици

Во Собранието на Република Македонија, утре со почеток во 11 часот Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 6-тата седница. На дневниот ред единствена точка е предлог-Законот за употреба на јазиците, во второ читање.

Оваа седница за Законот за јазиците беше закажана за 22 ноември, Денот на албанската азбука, но претседателот на комисијата, Артан Груби, ја одложи. Тој тогаш кажа дека тоа го направил за да не се дефокусира јавноста од важните прашања.

Претходно еврокомесарот Јоханес Хан при посетата на Скопје изјави дека Владата треба да се фокусира на приоритетните реформи за кои ќе биде оценувана и дека Законот за јазиците не е во Договорот од Пржино, ниту, пак, е нешто кое Брисел го бара.

„Приоритетите се дефинираат според националните интереси“ - рече Хан на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Оваа изјава Хан ја даде на 20-ти ноември. 

Слично

Поврзани вести