Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРЕ ЌЕ БИДЕ ДЕН НА НАЦИОНАЛНА ЖАЛОСТ ВО БУГАРИЈА - се тагува по жртвите од автобуската несреќа и од домот за стари лица

УТРЕ ЌЕ БИДЕ ДЕН НА НАЦИОНАЛНА ЖАЛОСТ ВО БУГАРИЈА - се тагува по жртвите од автобуската несреќа и од домот за стари лица

Утре ќе биде ден на жалост во Бугарија. 

Како што јавуваат бугарските медиуми, 24 ноември ќе биде прогласен за ден на национална жалост во таа соседна држава, каде што загинаа 45 граѓани од земјава. 

Ова го соопшти вицепремиерот Галаб Донев во Варна.

Така ќе им се оддаде почит на жртвите од двете трагедии - пожарот во дом за стари лица во село Ројак и тешката автобуска несреќа на автопатот Струма.

Одлуката се очекува да ја соопшти Советот на министри. Денот на жалост ќе биде заеднички во Бугарија и Северна Македонија, најави Донев.

Потсетуваме, девет лица загинаа во пожар во дом за стари лица во селото Ројак во Варна.

Неколку часа подоцна, во 2 часот по полноќ се запали автобус на автопатот Струма. Загинаа 45 граѓани на северна Македонија. Седум лица се повредени.

Владата на Република Северна Македонија прогласи тридневна жалост. Државните знамиња пред владината зграда се спуштени на половина.

Слично

Поврзани вести