УТРЕ ЌЕ БИДЕ АКТИВИРАН ПОРТОКАЛОВ, А НЕКАДЕ ДУРИ И ЦРВЕН АЛАРМ: УХМР предупредува на температури од над 40 степени
Продолжува периодот на многу топло време со натпросечни
температури за овој период од годината. Во следните денови во повеќе места
температурите ќе бидат над 35 степени.
-Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места особено на југоистокот ќе го надмине и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури, наведува УХМР во соопштението.
Слично
