Економија, финансии, бизнис

Контакт

Високи претставници од Воениот комитет на НАТО во посета на АРМ

Високи претставници од Воениот комитет на НАТО во посета на АРМ

Воениот комитет е највисоко воено консултативно тело на НАТО чии претставници утре и задутре ќе бидат во официјална посета на АРМ.

На чело со заменик претседавачот на Воениот комитет на НАТО генерал-потполковник Стивен Шепро високи воени претставници доаѓааѕ по покана на министерката за одбрана а ќе бидат запознати со постигнувањата, подготвеноста и идните планови на Република Македонија – АРМ за полноправно членство во Алијансата.

Полковник Зоран Илов, координатор на активност на денешната средба со новинарите информираше дека се работи за исклучиво воен настан од затворен тип. Не е предвиден прием и учество на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов. Од АРМ потенцираат дека во текот на денешниот ден ќе се знае дали ќе присуствуваат и борбените аташеа на земјите членки на НАТО во Република Македонија.

Во касарната „Илинден“ во Скопје планирана е и вежба за демонстрација на оперативните способности опремата и техниката на дел од декларираните единици од Здружената оперативна команда.

Слично

Поврзани вести