Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре градоначалникот на Ѓорче Петров на тапет кај Антикорупциска

Утре градоначалникот на Ѓорче Петров на тапет кај Антикорупциска

Комисијата за спречување на корупцијата утре на утрешната седница утре по службена должност ќе постапува по приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за предизборни нерегуларности од страна на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

Станува збор на одлуката за измена на детален урбанистички план во општината Ѓорче Петров, каде што, според ВМРО-ДПМНЕ, локалната властуништува парк за да се гради станбен објект.

„Одговорни се градоначалникот и Советот кој што прифатиле точка и ја изгласале одлуката во Изборен период. Иако иницијативата е поднесена од приватно лице пред изборите; во овој период не смее да се менува ДУП, бидејќи се отвора можност за влијание врз гласачи“, сметаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија поднесоа уште еден приговор, но тој Антикорупциска не го најавува, па се претпоставува дека нема правна основа да се постапува по истиот.

Покрај ова, ДКСК најавува дека утре ќе отвора предмети по сопствена иницијатива за изборниот процес 2019.


Слично

Поврзани вести