Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРЕ ГЕВГЕЛИЧАНИ ПРЕД ЗЛАТНА ДИЛЕМА: На референдум ќе одлучат дали сакаат рудник

УТРЕ ГЕВГЕЛИЧАНИ ПРЕД ЗЛАТНА ДИЛЕМА: На референдум ќе одлучат дали сакаат рудник

Граѓаните на Гевгелија утре ќе се изјаснат на референдум дали сакаат во општината на југоистокот од земјата да бидат отворени рудници со злато.

Тоа го одлучи општинскиот совет на Гевгелија откако граѓанското здружение „Спас за Гевгелија“ покрена кампања противотворањето на два рудници за кои моментално се извршуваат геолошки истражувања на планината Кожув.

Ова здружение смета дека отворањето на рудниците ќе предизвика еколошка катастрофа на подрачјето на Гевгелија и дека би довело до канцерогени заболувања.

Еден од најгласните поборници на чиста Гевгелија е Ангел Наков кој најави жестока борба градот да остане незагаден и против претворање на тоа земјоделско подрачје во рударско. Како што истакнува тој во Шпанија пред 12 години е спречен обид да се отвори таков рудник кој ја труе околината.

„Во Европа никаде нема таков рудник од отворен тип кој користи цијанид во преработката“, истакнал Наков.

Гевлеглискиот градоначалник пак Иван Франгов истанува дека никој нормален нема да даде концесија за експлоатација на злато. Според негови кажувања, концесиите за геолошки истражувања се пожелни да се знае со какви богатства располага земјата, но тоа не значи дека ќе биде дозволена експлоатација.

„Концесијата за отварање на рудници нема да биде дадена на никој. Ние со овој референдум го запираме процесот уште пред да почне, затоа што кога има јасен став Општина Гевгелија, условно ќе побара концесија за експлоатација, одговорот ќе биде не“, рекол Франгов. 

Две компании од владата добија концесија за геолошко истражување на земјата на локациите Коњска река и Коеско кај Гевгелија. За три години, колку што ги прават истражувањата, се покажало дека земјиштето е богато со злато и дека има многу повеќе отколку во Рудникот Иловица на подрачјето на Струмица.

Слично

Поврзани вести