Економија, финансии, бизнис

Контакт

УТРЕ ЕКСТРЕМЕН СТУД: Температурите ќе паднат и до -20 степени

УТРЕ ЕКСТРЕМЕН СТУД: Температурите ќе паднат и до -20 степени

Претстојната ноќ во Македонија повторно ќе биде екстремно студена и ведра. На многу места температурата ќе се спушти до околу -10 степени, понекаде и до -15 степени.

Ќе има места, особено Битолскиот и Беровскиот регион каде што температурата ќе се спушти до околу -20 степени.

„Потоа во следните денови студот малку ќе попушти, особено во текот на денот, иако и понатаму ќе биде релативно студено. Многу студено ќе остане наутро кога температурите некаде повторно ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени. Инаку екстремно студено е и во регионот, па така во делови од Босна температурата се спушта и под -23 степени“, вели метеорологот Славчо Попоски. 

Некои нови обилни врнежи од снег барем засега не се очекуваат.

Слично

Поврзани вести