Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре дожд, во вторник заладување на времето

Утре дожд, во вторник заладување на времето

Промена на времето ќе има утре и задутре.

Повремени врнежи од дожд ќе има утре, а на некои  места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. 

Пообилни врнежи од дожд се очекуваат во западните делови.

Од вторник под влијание на посвежа воздушна маса од север времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

„Ќе има и позначително заладување на времето особено од вторник кога температурите ќе бидат за речиси 10-тина степени пониски од сегашните и истите ќе се движат во интервал од 17 до 24 степени. Во вторник поради продорот на постуден воздух од север ќе дува умерен , долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен правец“ - вели метеорологот Славчо Попоски кој работи за infomax. 

Ќе дува и умерен, повремено засилен северен ветер, особено во вторник.

Во случај на електрични пранзења да не се предстојува на отворен простор и под осамени дрвја.


Слично

Поврзани вести