Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре ДКСК ќе ги разгледува приговорите на Игор Јанушев

Утре ДКСК ќе ги разгледува приговорите на Игор Јанушев

Комисијата за спречување на корупција утре на седница ќе ги разгледа приговорите поднесени од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, за наводни предизборни нерегуларности од страна на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој - Скопје и градоначалниците на Гази баба, Штип и Ново Село.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во изборен период,  на 4-ти април, при започната изборна кампања, платежната агенција, односно агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството соопштила дека  се исплатени 77 милиони денари – или над 1 милион и 250 илјади евра на над 2.000 лозари.

Поднесен е приговор дека општина Гази Баба објавила дека од 15-ти април започнува физичко обезбедување во училиштата на трошок на општината Гази Баба. ВД градоначалникот на Ново Село дал согласност за вработувања на 10 работници, што според опозицијата е законски недозволиво. Од таму наведоа и дека општина Штип ги ангажирала пожарникарите да делат дрва на социјално загрозените лица од градот, а биле злоупотребени и „Македонија Пат“ и „Македонски Шуми“.


Слично

Поврзани вести